Според прогнозерите: Може да се направи добитно ливче со 153 квота

Победa на Манчестер сити против Челзи, односно славје на Валенсија против Реал Сосиедад, се дел од очекуваните исходи на прогнозерите во последното коло на Спортска прогноза. Рекордниот број на прогнозери ги чекаат денешните седум натпревари од понудата за да стигнат до главната награда iPhone XS кој се доделува за „Среќна 13-ка“, а според нивното типување, може да се направи и добитен тикет во Sport life обложувалниците со голема квота од 153,19.

Фокусот ќе биде на дербито во Англија, а дури 76,78% од прогнозерите очекуваат триумф на „граѓаните“, додека коефициентот за „кец“ на Сити е 1.55. Дури 82,42% очекуваат Валенсија да го совлада Реал Сосиедад, а за победа на „лилјаците“ квотата е 1.83.

Галатасарај треба да слави над Трабзонспор, така велат 84,25% од прогнозерите, а победа на домаќините нуди квота од 1.63, додека 79,89% веруваат дека Торино ќе го победи Удинезе, па така „кецот“  на „биковите“ е 1.76 квота. Мислењата се поделени за дуелот Фортуна Дизелдорф – Штутгарт, со тоа што за нијанса повеќе прогнозери (37,97%) очекуваат триумф на домаќините, кој во Sport life има квота од 2.22.

На останатите две средби за недела прогнозерите се надеваат дека ќе завршат без победник. Мечот Рен – Сент Етјен ќе заврши нерешено, така велат 48,38% од прогнозерите, додека квотата за „икс“ е 3.20. Истото важи и за дербито во Грција меѓу ПАОК и Олимпијакос, 42,19% сметаат дека реми е најлогичниот исход од ова дерби кое нуди квота од 2.95.

Вкупниот збир на коефициент од овие седум меча е 153,19, па со само 100 денари може да се направи добитен тикет со добивка од околу 15.300 денари, или 250 евра.

Што се однесува за трката за главната награда, веќе пет прогнозери се со максимален учинок откако ги погодија сите пет вчерашни средби, па доколку се остварат и денешните прогнози може да го имаме првиот добитник на iPhone XS. Секако, има награди и за оние кои ќе погодат 12 меча, тоа е телефонот Samsung galaxy A6, додека за 11 и 10 точни прогнози се доделуваат ваучери од 500, односно 200 денари.

- Оглас -

Најнови вести