Според прогнозерите, на Манчестер јунајтед – Челзи најмали се шансите да биде нерешено

Рокот за типување за новото деветто коло сезонава од бесплатната Спортска прогноза на Sport Life, почна вчера, и ќе трае до сабота во 15.30 часот, што значи имате повеќе од доволно време да се приклучите, да типувате на 13-те пара од основната понуда и двата резервни и да чекате подарок.

Најголеми предизвици за играчите на Спортската прогноза во новото коло ќе бидат дерби-дуелите во Бундесигата и Премиер лигата. Во Германија се среќаваат Борусија Дортмунд и Лајпциг, додека во Англија играат Манчестер јунајтед и Челзи.

Според моментната состојба, од оние прогнозери кои веќе се изјасниле и типувале, мнозинството (65 проценти) веруваат во победа на Борусија над Лајпциг, додека за дербито на „Олд Трафорд“, поделеноста е поголема, најмалку се тие што мислат дека ќе заврши нерешено, повеќето типуваат победа или на домашните од Манчестер или на гостите од Лондон.

Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека две утки и 11-ка носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести