Во колото број 23 на Спортска прогноза, дерби-натпреварите го привлекуваат вниманието и се голем предизвик преку кој треба да се помине за главната премија „ајфон 11“.
Едно од нив е дуелот меѓу Арсенал и Манчестер сити на „Етихад“, а мнозинстовото прогнозери веруваат дека Ѓраѓаните нема да запрат токму во ова дерби и ќе ја остварат 18-тата победа во низа во сите натпреварувања за подобрување на поставениот рекорд во Англија.
Дури 71,58% од прогнозерите типуваа „двојка“, додека само 11,27% се надеваат на изненадување.
Покрај овој дуел, секако, тешки за прогнозирање ќе бидат градските пресметки меѓу Милан и Интер, односно Ливерпул и Евертон, кој е резервен пар во ова коло.
Приложувањето на прогнозите во 24-тото коло е достапно до сабота пред 15:30 часот, кога почнува првиот дуел меѓу Фрајбург и Унион Берлин, затоа не чекајте до последен момент да се вклучите во трката за главниот подарок, како и ваучерите од Sport Life.
Стандардно за секое коло, со погодени 13 пара се добива „ајфон 11“, за 12-ка и 11-ка има ваучери од Sport Life во вредност од 1.000, односно 500 денари, а важни се и поените од резервните двојки, кои се книжат во бодовното салдо за Генерален пласман.