Европската ракометна федерација направи субјективно рангирање на според нив, десет најдобри репрезентации кои ќе настапат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка кое почнува на 15-ти јануари.
Според ЕХФ, прв фаворит за титулата е Данска, а во топ 5 се и Франција, Исланд, Шведска и Германија.
Интересно е дека според нив, шести најдобар тим е Португалија, која исто како и Данска, ќе биде во група со Македонија. Како главен квалитет на Португалија се истакнува што голем дел од играчите се од ист клуб (Спортинг), имаат одлични голмани, а постојано напредуваат, врвот го имаа лани на СП кога дојдоа до полуфиналето.
И квотите во Sport Life за победник во групата Б велат дека главен фаворит е Данска пред Португалија, а Македонија и Романија се аутсајдери на хартија. Во втората фаза одат двете најдобри селекции и ова покажува дека пред нашите е исклучително тешка задача.

Што се однесува до квотите за првак, и тука Данска е прв фаворит, но потоа следуваат Шведска, па Франција, Норвешка и Исланд, а Португалија е 11-то рангирана.


