Познати стартните состави: Барселона ќе оди на 7+ против Динамо, Роналдо е стартер за Јуве, а ПСЖ и без напаѓачи е во формација 4-3-3

Со докажаните Лионел Меси и Антоан Гриезман, како и тинејџерите Ансу Фати и Педри, Барселона ќе нападне на „Камп ноу“ против Динамо Киев. Според формацијата на Роналд Куман, каталонскиот гигант ќе биде со 4-2-3-1, а Гриезман ќе ја има улогата на најистурен во нападот.

Динамо едвај скрпи 19-мина играчи за ова гостување, а дури 14-мина играчи се отсутни, од кои најголемиот дел поради тоа што се позитивни на корона-вирусот. Според тоа што на голот на гостите ќе биде младинец кој има само 18 години, може да очекуваме голеада вечерва.

Кристијано Роналдо ќе биде стартер на гостувањето кај Ференцварош, што е само една гаранција плус дека гостите ќе победат. Мората и Кјеза ќе бидат покрај Роналдо во нападот, а Дибала остана на клупата за резерви.

Пари Сен Жермен, кој е без трите главни ѕвезди, Килијан Мбапе, Нејмар и Мауро Икарди, ќе игра во формација 4-3-3 на гостувањето кај Лајпциг. Улогата на напаѓачи ќе ја имаат Ди Марија, младиот Кејн и Пауло Сарабија.

 

- Оглас -

Најнови вести