Според типовите на Спортска прогноза, кај нас има повеќе „ѕвездаши“ отколку „партизановци“

Домашните тимови се во предност на двете градски дербија кои се играат в недела, барем според мнозинството на играчи на Спортска прогноза. Од оние играчи кои се вклучија со свои прогнози во 25-тото коло, повеќето типуваат на победи на Севилја против Бетис и на Црвена ѕвезда во дуелот со Партизан.

Ако сакате да се приклучите во 25-тото коло на бесплатната игра во која за погодена 13-ка се добива прекрасниот „ајфон12“, тоа треба да го направите денеска или најдоцна до утре во 15.30 часот, кога почнува првиот меч од Среќна 13-ка.

За дербито во Белград, досега 55 проценти од прогнозерите се изјасниле дека Црвена ѕвезда ќе победи, а доверба во Партизан имаат само 10 отсто. За дербито во Севилја, две третини се за домашните, а победа на Бетис прогнозирале само 7 проценти од играчите.

Тие два дуели му даваат посебен шарм на 25-тото коло, кое е во тек за прогнозирање, но има уште 11 интересни натпревари, а, секако, треба да се внимава и на двата резервни пара во битката за што подобра позиција во Генерален пласман.

Играта е бесплатна и има само еден услов, да имате СЛ клуб картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна и брзо може да се добие на сите обложувачки места на Sport Life.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести