Според тоа што го најавува Алушовски, нереални се коефициентите за Вардар против Кјелце

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар вечерва има тешко гостување кај Кјелце, во меч од групната фаза од Лигата на шампионите. Овие два тима одиграа еден меч минатата недела, а Кјелце во Скопје победи со 33:29. Според тој резултат, но и според составите на двата тима, Кјелце е апсолутен фаворит.

Неверојатно висок е коефициентот за победа на Вардар, но иако обложувалниците речиси и да не даваат шанса Црвено-црните да победат, тренерот Стевче Алушовски не го напушта оптимизмот.

„Тоа што ќе биде исто е дека и таму ќе се игра пред празни трибини. И пред натпреварот во Скопје анализиравме кои се нивните добри страни, а сега имавме уште 4 дена за да видиме каде грешевме во Скопје и што може да поправиме. Нормално дека постои простор за напредок, посебно во нашата игра во одбраната, каде што првпат примивме 33 гола. Се надевам и мислам дека ќе одиграме еден добар меч, каде што ќе покажеме дека Вардар не случајно има три бода досега во групната фаза и дека не случајно беше егал со Кјелце до 52-53 минута во Скопје. Очекувам неизвесен меч, дуел со многу борба. Не сме без шанси. Нашите голмани можат многу повеќе од тоа што го покажаа во Скопје, анализиравме каде грешевме и очекувам да одиграме добар натпревар сега против Кјелце“, вели Алушовски.

Во досегашната историја на овие два тима, Вардар петпати гостувал кај Кјелце и никогаш не победил. Дури и во двете сезони кога Црвено-црните стигнуваа до европската титула, кога гостуваа кај Кјелце, си заминуваа поразени. Сега, според коефициентите, Кјелце е апсолутен фаворит, но интересна е понудата за тоа дали Вардар ќе загуби со повеќе од шест голови разлика, па навистина е привлечно да се одигра овој дуел на „хендикеп“.

 

- Оглас -

Најнови вести