Според „Трансфермаркет“: Сплитскиот Хајдук има 39% шанси да го ангажира Лео Меси?! (Фото)

По ангажманот на Џенаро Гатузо како тренер и најавите дека засилувања ќе бидат Един Џеко и Иван Ракотиќ, сплитскиот Хајдук сега има големи шанси да го ангажира и Лионел Меси, барем според „Трансфермаркет“.

Специјализираниот портал има секција со која на читателите им нуди и процентуална можност за трансфер на некој фудбалер, па доколку го отворите профилот на Лионел Меси, ќе забележите дека има 39% шанса да се пресели во Хајдук од Сплит.

Можеги е шега, можеби е грешка, но до овој трансфер сигурно нема да дојде, па „Трансфермаркет“ овојпат ќе згреши.

- Оглас -

Најнови вести