Започна аплицирањето за добивање на билети за Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Навивачите од целиот свет бурно реагираа поради високите цени на билетите кои треба да ги платат, ако сакаат да гледаат во живо да гледаат еден натпревар од Мундијалот.
Според напрравените пресметки, навивачите би морале да платат речиси 6.000 евра за да ги следат сите натпревари на својата репрезентација во живо на стадионот од првото коло од групата до евентуалното финале – и тоа преку билетите што ги добиваат националните асоцијации.
Дополнително, најевтината категорија (категорија 4), која во 2022 година во Катар беше наменета за навивачите во навивачките секции на националните тимови, овој пат воопшто не е достапна.
Споредбата е брутална: она што за СП 2022 беше околу 1293 евра (следење на сите мечеви на својата селекција од прво коло до евентуалено финале), за СП 2026 достигнува цена до 5875 евра.
Затоа меѓународното здружение на навивачи, „Фудбалски поддржувачи Европа“, упати силни критики и бара запирање на тековната фаза од продажбата. Сепак, покрај критиките: ФИФА добила пет милиони барања за билети за само 24 часа.

