Според учинокот во 2020 година, Милан е доминантен во Италија

Во годината во која фудбалот паузираше речиси три месеци поради пандемијата со корона-вирусот, Милан најмногу профитираше и затоа е најдоминантен калчолигаш во 2020 година.

Во изминативе 12 месеци Милан одигра 35 лигашки натпревари во кои освои 79 бода, дури шест повеќе од Интер. Аталанта во 34 натпревари освои 69 бода, додека актуелниот шампион Јувентус е четврти во календарската табела со 38 бода по 35 натпревари.

Росонерите играат одлично под палката на Стефано Пиоли, бројките само го потврдуваат тоа, а во сезоната 2020/21 Милан е единствениот непоразен тим од топ 5 лигите во Европа.

Како зимски шампион, Милан е лидер во Калчото со 34 бода по 14 кола во кои издвоија 10 победи и дефинитивно цели да стави крај на доминацијата на Старата дама.

На 3 јануари против Беневенто, Милан ќе се обиде да ја продолжи низата без загубен натпревар во рамките од 15-тото коло во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести