Голем гаф имаше на официјалниот твитер-профил на УЕФА на португалски јазик. Во најавата за вчерашните мечеви стоеше дека играат Бугарија против Бугарија.
Можеби грешката е случајна и ненамерна, но како сите други парови ги погодија, а утнаа само кај името на Македонија, па наместо името на нашата земја, стоеше името на источниот сосед.
По мечот се поправија, на фотографијата со резултатите стои уставното име на Македонија.
На англиската верзија на твитер-профилот на УЕФА немаше ваков кикс, само на португалската.