Според Википедија, финале на Отвореното првенство на Австралија 2022: Ѓоковиќ – Надал 6-0, 6-0, 6-0!

Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител на претстојното Отворено првенство на Австралија, кое стартува на 17 јануари, а на англиската Википедија, која е најголема интернет-енциклопедија, објавено е дека Србинот е освојувач на турнирот.

Некој од модераторите е фан на Новак и вметнал податок дека Ѓоковиќ ќе го освои Отвореното првенство на Австралија со победа над Рафаел Надал во финалето, и тоа без загубен гејм. Но, ова не е можно затоа што Надал е шесторангиран и ако се сретне со првиот светски тениски рекет, тоа би било во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести