10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Спорен момент на „Енфилд“, судијата Иштван Ковач го шокираше Ливерпул

Фановите и играчите на Ливерпул беа сигурни дека судијата Иштван Ковач ќе им додели пенал против Реал Мадрид, откако топката го удри Орелиен Чуамени во рака, но се случи голем шок за Црвените.

Ковач прво досуди слободен удар, но беше повикан од ВАР собата да ја види ситуацијата уште еднаш, бидејќи се покажа дека Чуамени веројатно е внатре во 16-никот. Додека Ковач одеше кон мониторот да види снимка, публиката славеше, беа сигурни дека ќе има пенал.

Но, Ковач во консултација со судиите во ВАР, не само што не досуди пенал, туку немаше ни слободен удар, за играта со рака одлучи дека било коректно како да било со друг дел од телото.

- Оглас -

Најнови вести