Спорен момент во Подгорица, па гол за стружани кој веројатно ги носи понатаму (Видео)

Струга Трим Лум води со 3-2 на гостувањето кај Будуќност, и сега е многу блиску до пласман во следното квалификациско коло од Конференциската лига, каде за противник ги чека Есперанж од Луксембург.

Бесарт Ибраими кој беше човек на одлука на првиот меч во Охрид кој заврши 1-0, на Црногорците им даде гол и вечерва во Подгорица за предност од 3-2.

Пред Струга да поведе, домашните имаа една убава шанса, бараа да им биде признат гол, веруваат дека топката ја минала гол-линијата, но судијата не досуди ништо. Во оваа фаза од квалификациите во Конференциската лига нема ВАР, ниту гол-технологија, па ќе остане дилема дали Будуќност е оштетен и топката со целиот обем ја мина гол-линијата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести