Спорен пенал досуден со ВАР донесе победа на Фенербахче, ривалите жестоко реагираа: Како не ви е срам (Видео)

Екипата на Фенербахче победи со 2:1 против Касимпаша во меч на кој домашниот тим голот за победа го постигна во последните секунди од мечот и тоа од пенал. На полувремето беше 0:0, а во 58 минута гостите поведоа.

Фенербахче кој се бори за титулата, израмни во 64 минута и 1:1 беше се до последните моменти од мечот. Во 90+4 минута, по еден центаршут на домашниот тим, топката излезе во гол-аут, но тогаш реагираа судиите од ВАР собата.

Тие сугерираа дека еден гостински фудбалер играл со рака, па главниот судија реши да ја погледне повторената снимка, по која досуди пенал за Фенербахче. Мичу Батсуани го изведе пеналот, а голманот на гостите одбрани, но одбиената топка повторно се врати до голгетерот на Фенербахче кој погоди за 2:1 и ддонесе победа со која неговиот тим повторно е лидер на табелата.

Спорната ситуација може да ја видите на 6:50 минута од видеото.

На оваа одлука на судијата реагираа од Галатасарај, тимот кој е најголем ривал на Фенербахче во трката за титулата.

„На снимката нема рака, но има нечисти раце на оние кои го досудија пеналот. Зарем не ви е срам“, порачаа од Галатасарај преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести