Спорна ситуација: Зошто Барселона не доби пенал после играњето со рака на Чуамени? (Фото+Видео)

Барселона со 4-3 го победи Реал Мадрид, но во 83-тата минута се случи спорен момент во шеснаесетникот на „кралевите“. Феран Торес беше во идеална прилика за гол, но неговиот удар заврши во раката на Чуамени од Реал Мадрид. За судиите тоа не беше пенал, Торес доби жолт картон за жестоките протести, а главниот судија не ја промени одлуката ниту после прегледувањето на ВАР снимката.

Во стручната анализа се вели дека Чуамени е премногу блиску и не може навреме да ја тргне раката од патот на топката, па тоа е причината зошто главниот судија не досуди пенал. Сепак, тоа е мислењето на стручната јавност, а фудбалските вљубеници ова го толкуваат во зависност која екипа им лежи на срцето, но и многумина неутрални гледачи се согласуваат дека Барселона е оштетена.

: Should Barcelona get a penalty for this? pic.twitter.com/tEKBKviGsq

 

- Оглас -

Најнови вести