14.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Sport Life донира средства за организацијата „Отворете ги прозорците“

Компанијата Sport Life, членка на АСОМ, реализира донација за „Отворете ги прозорците“, една од водечките организации во областа на асистивната технологија и поддршка на деца и млади со различни физички и развојни попречености во Македонија.

Со донацијата ќе се обезбеди индивидуална стручна поддршка за децата, пристап до неопходни алатки и асистивни технологии, како и континуирана работа со професионалци кои ќе придонесат за нивниот развој, напредок и трајна позитивна промена во нивниот живот.

Оваа поддршка е дел од континуираните општествено одговорни активности на Sport Life, насочени кон унапредување на инклузијата, образованието и квалитетот на живот на децата и младите.

Компаниите членки на АСОМ доследно инвестираат во значајни општествени иницијативи, со што покажуваат дека одговорното работење и поддршката на ранливите категории се трајна заложба и важен дел од нивното корпоративно управување.

- Оглас -

Најнови вести