Sport Life ги објави коефициентите, очекувано Македонија е фаворит против Грузијците (Фото)

Македонија е фаворит за победа против Грузија на мечот од третото коло во четвртата група од Ц сегментот во Лигата на Нации, а според објавените квоти на Sport Life за победа на Рисовите понудата е 2.30 за единица во Скопје.

Мечот ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ на 9. јуни од 20.45 часот, а вкупната понуда со најразлични варијанти што ја објави Sport Life има дури 569 игри.

Главното е што Македонија е фаворит со квота од 2.30 за победа, за нерешено понудата е 3.20, а за триумф на Грузија е 3.30.

Грузијците ги победивме во најважниот меч во нашата фудбалска историја, во финалето на Д сегментот од Лигата на Нации во ноември 2020 во Тбилиси со 1:0 и се пласиравме на Европското првенство што се играше лани.

Имаме уште два меча против оваа селекции, а и на двата во Лигата на Нации ремизиравме со резултат 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести