Sport Life ги објави квотите за победник на Вимблдон (Фото)

Обложувалницата Sport Life ги објави квотите за победник на тенискиот грен-слем турнир Вимблдон кој почнува наскоро, и очекувано, најголем фаворит за триумф во Лондон има Новак Ѓоковиќ.

Доколку сега уплатите дека Ѓоковиќ ќе го освои победничкиот пехар на Вимблдон, добивате квота од 1.77. Србинот уште од 2016 година нема загубено меч на Вимблдон на терен (во 2017 предаде меч) и тоа го прави топ фаворит.

Веднаш зад него, втор кандидат за освојување на турнирот е Карлос Алкарас, и тие се единствените двајца со едноцифрена квота. Од оние што ќе се појават годинава, турнирот го има освоено и Енди Мареј, кој е единствениот што знае како е да се победи во финале против Ѓоковиќ на тревата на Вимблдон. Квотата за Британецот е 50 и тој не е во топ 10 фаворити за титулата.

Кај жените е понеизвесно, најмала е квотата за Ига Швјонтек, но тука некаде веднаш зад неа се Арина Сабаленка и Елена Рибакина. Во женска конкуренција, има многу повеќе опции со квота до 30, отколку кај мажите.

- Оглас -

Најнови вести