Sport Life ги објави квотите за првото коло на СП: Има само три поголеми аутсајдери од Македонија (Фото)

Македонија е апсолутен аутсајдер против Норвешка на премиерата за нас на ракометниот Мундијал што го организираат Полска и Шведска, а ќе почне утре со мечот меѓу Франција и Полска.

Нашата репрезентација ќе игра на 13 јануари во Краков и очекувано, според квотите што ги објави Sport Life, но и светските обложувалници, ние сме тотални аутсајдери.

За единица, односно победа на Норвежаните коефициентот е 1.06, колку што е и на мечот меѓу Србија и Алжир.

Од нас и Алжирците има само три репрезентации кои се поголеми аутсајдери.

За победа на Зеленортските Острови, или Кејп Верде против Уругвај квотата е 1.01, идентично како и за триумф на Данска против Белгија.

За да победи Шпанија со Црна Гора, коефициентот е 1.03, па потоа сме ние и Алжир како големи аутсајдери во топ-5 во првото коло.

Ако верувате во подвиг квотата за триумф на Македонија на мечот во Краков е 13, а за реми што исто така би бил сензационален исход коефициентот е 18.

Вкупно за нашиот дуел од првото коло на СП во стартната понуда на Sport Life има 44 различни варијанти на игри, а секако ќе има и Специјали, кои се заштитен знак за обложувалницата за сите големи спортски настани.

 

- Оглас -

Најнови вести