На неполни две недели пред почетокот на Светското првенство во ракомет за мажи, обложувалницата Sport Life ги одреди квотите за шампион, а може да се обложувате до 11 јануари, за кога е закажан првиот меч на првенството во Шведска и Полска.
Според квотите, прв фаворит за титулата е Данска, по што следуваат Франција и Шпанија, а тука некаде се и Швеѓаните.
За Македонија, квотата дека ќе биде светски шампион е дури 200. Од ривалите во нашата група со кои избраниците на Кирил Лазаров ќе треба да си ги одмерат силите во Краков, прв фаворит е Норвешка, па Холандија, а аутсајдер е Аргентина.
На ракометното СП во јануари ќе играат 32 селекции, има и 15-тина репрезентации за кои квотите се поголеми од тие за Македонија, што значи дека ни одблизу Црвено-жолтите не се во редот на тимови кои би требало само да губат во првата фаза.