4.8 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

SPORT LIFE им подари новогодишни пакетчиња на децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби при посетата на претставниците на Sport Life обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со Даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.

„Ова е петта година по ред во која во пресрет на Новогодишните празници сакаме да ја подигнеме свеста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, т. е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите. Се надеваме дека оваа наша посета и донација ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и таа ќе продолжи и во иднина“, изјави Петар Поцков, маркетинг-директор на Sport Life.

Воедно Sport Life обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.

- Оглас -

Најнови вести