Се ближи почетокот на последниот тениски гранслем-турнир годинава, Отвореното првенство на САД, кој се игра на тврда подлога на терените на „Флешинг Медоуз“ во Њујорк, а во Sport Life веќе може да се обложите на победник на турнирот на кој и паричната награда е најголема од четирите гранслеми.
Прв фаворит за титулата е првиот носител Италијанецот Јаник Синер, кој ќе биде бранител на трофејот од лани. Втор фаворит е Шпанецот Карлос Алкарас, а за сите други тенисери квотите се двоцифрени. Синер и Алкарас ги освоија сите гранслеми во 2024 и 2025 година. Лани беше 2-2, сега Синер води со 2-1.
Новак Ѓоковиќ, кој ја брка рекордната и историска 25-та гранслем-титула, ќе се обиде да им ги замрси сметките, а може да се обложите и на другите тенисери ако верувате дека може да изненадат и да го освојат Отвореното првенство на САД.
Кај жените, најголеми шанси според квотите ѝ се даваат на Арина Сабаленка, која е можеби најдобра тенисерка на светот, но годинава не освои ниту еден гранслем. Инаку првите три гранслеми годинава ги освоија три различни тенисерки.
Ига Швјонтек, Коко Гоф и Мира Андреева исто така се сериозни кандидатки за трофејот, но тука се и Рибакина, Анисимова, Џенг, Кис, Осака, Пегула.