Sport Life откри кои репрезентации имаат поголеми шанси за четврфинале на ЕП

Познати се осумте парови во првата нокаут-рунда на Европското првенство, која стартува утре со двата дуели меѓу Велс и Данска, односно Италија и Австрија. Sport Life ги обелодени квотите околу тоа кои селекции имаат поголеми шанси да се најдат во топ 8 фазата, а само кај еден пар владее тотална неизвесност.

Данска со квота од 1.40 има поголеми шанси да се пласира во четвртфиналето отколу Велс, додека Аѕурите се уште поголеми фаворити против Австрија со 1.22 квота.

За Холандија се нуди 1.30 коефициент за да ја надигра Чешка, додека во дербито меѓу Белгија и бранителот на титулата Португалија, Црвените ѓаволи за нијанса се фаворити. Лесно е отпишана Хрватска, за која се нуди 3.55 квота за пласман понатаму во дуелот против Шпанија, која пак ужива фаворитска улога при квота од 1.28.

Коефициентот од 1.18 е знак дека нема дилеми околу Франција и Швајцарија, светскиот првак со својот квалитет веќе се гледа во следната фаза. Шведска има подобри шанси од Украина при квота 1.70, додека второто дерби меѓу Англија и Германија е сосема неизвесно. Гордиот Албион доби квота од 1.85, Панцерите со 1.95 коефициент ќе го бараат местото меѓу најдобрите осум селекции на ова ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести