Англиско финале во Мадрид ќе гледаме на 1 јуни. Ливерпул против Тотенхем во борба за големиот сребрен трофеј. Гигантот од „Енфилд роуд“ во својата историја петпати го има освојувано пехарот, додека Тотенхем вечерва за првпат во својата историја се пласираше во финале на елитната лига на УЕФА.
Sport Life обложувалниците веднаш ги истакнаа коефициентите за финалето. Според понудата, Ливерпул е фаворит. Сепак, ако се гледа во досегашниот дел од мечевите во ЛШ, тоа не мора ништо да значи.