Анадолу Ефес и Фенербахче вечерва го играат својот четврти меч од финалето на плејофот во турското кошаркарско првенство, а обложувалниците Sport Life се потрудија на своите клиенти да им овозможат шанса да заработат уплаќајќи на голем број игри за овој меч во Истанбул.
Според квотите за конечен тип, фаворити се Пиварите, кои се и актуелни европски прваци. Првите два меча на кои Фенербахче беше домаќин му припаднаа на Фенер, а потоа Ефес го доби третиот меч на кој беше домаќин. Освен играњето во своја сала, причина што Ефес е фаворит е и присуството на Василије Мициќ.
Во Sport Life може да погодувате кој играч колку поени ќе постигне.
Мициќ играше (даде 7 поени) и на вториот меч кој Фенербахче го доби убедливо, но уште беше ровит. Сега е здрав и тоа веднаш се виде на третиот дуел, кога уфрли 29 поени, а имаше и седум асистенции. Кога го нема Мициќ, не му оди ниту на Шејн Ларкин. Кога одбраната на Фенер мораше да мисли во одбрана и на Србинот, а не само на него, Ларкин експлодира со 37 поени.
Фенер во оваа серија е поконстантен, дава од 85 до 93 поени. Ефес имаше амплитуди од 76 до 103 поени, па тие се понепредвидливи за прогнозирање.