Вечерва после полноќ стартува првиот тениски гренслем турнир во 2025 година, Отвореното првенство на Австралија кое се игра на тврда подлога во Мелбурн.
Доколку имате свој фаворит може и да заработите на него, доколку уплатите во Sport Life за победник на турнирот.
Во машка конкуренција, квотите ги фаворизираат ланскиот победник Јаник Синер, Карлос Алкараз кој е трети носител и во четвртфиналето би може да се сретне со Новак Ѓоковиќ, и Ѓоковиќ кој дури 10 пати го има освоено овој гренслем. Потоа следуваат Александер Зверев и Данил Медведев, и се чини дека меѓу овие петмина тенисери треба да се бара победникот, но тука е и опцијата да се обложите на некои од кандидатите за титула од втор план.
Кај дамите, најголеми шанси ѝ се даваат Арина Сабаленка, а главни конкурентки треба да ѝ бидат Ига Швјонтек и Коко Гоф.
Кај жените почесто се случуваат изненадувања, па може да се обложите и на фаворитките од сенка како Џенг, Рибакина, Мухова, Андреева, Пегула, Осака, итн.