Sport Life со нови квоти за првак на ЛШ и има изненадување, Ливерпул веќе не е прв фаворит (Фото)

По денешната ждрепка, секој од 16-те тима во осминафиналето на Лигата на шампионите знае каков ќе му биде патот до финалето во Минхен, а тоа донесе и одредени промени во квотите за тоа кој ќе биде победник во ЛШ.

Во Sport Life, сега прв фаворит за освојување на ушлестиот трофеј е актуелниот првак Реал Мадрид. Реал ќе има многу тежок пат, ќе треба да го елиминира Атлетико, па веројатно Арсенал и Ливерпул пред да дојде до финале против можеби друг гигант од типот на Барса, Баерн или Интер.

Но, Реал е 15-кратен европски првак, против Манчестер сити во баражот за осминафинале демонстрираше моќ и веројатно тоа го натера букмејкерите да ја намалат квотата за Кралскиот клуб.

Втор фаворит за титулата е Ливерпул, а во топ 5 фаворити остануваат и Арсенал, Барселона и Баерн Минхен. Потоа следуваат фавортите од сенка како ПСЖ и Интер, Атлетико, а ако друг ја освои титулата, би бил големо изненадување, барем во оваа фаза од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести