Шкендија е фаворит против Силекс, а истото важи и за Работнички во дуелот со Брера Струмица, па имате одлична можност за заработка ако уплатите во Sport Life, со оглед на големите квоти, над 2.00 за конечен тип.
Силекс има два порази по ред и бара излез од кризата, но ќе биде тешко, оди на мегдан во Тетово кај првакот кој уште нема пораз сезонава. Кратовци успеаја да победат на последното гостување против Шкендија во мај, а традицијата најавува и ефикасен меч, четири пати по ред на нивните пресметки во Тетово паѓаа барем четири голови.
Работнички кој има пет порази и само една победа, ги пречекува струмичани кои имаат скромни две победи, но двете во последните три кола. Во претходните две сезони, на меѓусебните дуели на овие две екипи секогаш двата тима постигнуваа гол.