Sport Life со специјална понуда: Ново злато за дрим-тимот, или подвиг на Франција?

Битката за златниот медал на кошаркарскиот турнир на ОИ во Токио е закажана за 04:30 часот во ноќта меѓу петок и сабота, а на главната сцена ќе се појават бранителите САД, против националниот тим кој веќе се радуваше на победа против дрим-тимот на овие Игри, Франција.

Триколорите знаат дека можат до подвиг бидејќи со нивната тимска игра покажаа дека американските НБА-ѕвезди може да бидат надиграни. Но, стартот со пораз ги налути избраниците на Грег Попович, па на патот до финалето ги демонстрираа силата и квалитетот кои ги поседуваат.

Дурант и дружината се подготвени да го одбранат златниот медал освоен во Рио пред пет години, односно четврти пат во низа да се закитат со највисокото одличје, како што пред Рио го сторија тоа во Лондон во 2012 и во Пекинг во 2008 година.

За големото финале, Sport Life издвои специјална понуда покрај стандардните квоти за „кец“ и „двојка“. Можете да типувате на индивидуален учинок на кошаркарите.

Од францускиот тим се избрани четтворицата главни ѕвезди Фурние, Гобер, Батум и Де Коло. Фурние досега се покажа како најконстантен, па за неговата граница од 21,5 поен се нуди 1.87 квота и за плус, а и за минус кошеви.

Од составот на Американците, петмина се во понудата, тоа се Дурант, Холидеј, Лилард, Тејтум и Букер. На најголемата американска ѕвезда му се бара граница од 24,5 поени за плус или минус на идентична квота 1.87, како што имаат повеќето играчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести