Три победи на домашните и две на гостите, се во најава на петте вечерашни натпревари во кошаркарската НБА лига, но тоа е само доколку победат сите пет фаворити кои се во предност според квотите во Sport Life. Во пракса, ретко кога победуваат сите кои се фаворити на хартија.
Еден од поинересните мечеви кои се на програмата вечерва е Јута џез – Оклахома Сити тандер. Квотите најавуваат победа на гостите кои со скор 27-13 се втори на табелата на Западот, но моментната форма не им е идеална, имаат два порази по ред. Од друга страна, Џезерите победуваат на шест средби едноподруго, и тоа е најдолгата триумфална серија во НБА во моментов.
Инаку, има и 35 кошаркари на кои може да се обложите на број на поени. Хендикеп границата највисоко е поставена кај Шај Гилџиус-Александер од Оклахома сити, Џејлен Брансон од Њујорк, Деарон Фокс од Сакраменто, итн.