Само што завршија четвртфиналните мечеви на ЕП, најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life, веќе ги објави квотите за двете полуфинални средби. Според квотите, фаворити се Италија против Шпанија, и особено Англија против Данска. Италијанците и Англичаните прикажаа најмногу досега и многумина очекуваат тие да се судрат во големото финале на „Вембли“ во Лондон.
Сепак, на последните две европски првенства, во 2016 и 2012 година, шампион стануваше селекција која во првото коло играше нерешено. На ова ЕП, од четирите полуфиналисти, само Шпанија имаше нерешен резултат во првото коло.