Португалскиот првак Спортинг Лисабон откако остана без првиот стрелец Виктор Ѓокереш, кој се пресели во Арсенал, парите од продажбата на Швеѓанецот ги вложи за ангажирање на Колумбиецот Луис Суарес, кој дојде од шпанскиот второлигаш Алмерија.
Суарес е прилично непознат за пошироката јавност, затоа и многумина се зачудија што за него е платена не баш мала отштета од 22,2 милиони евра фиксни и 5,3 варијабилни. Суарес од 2023 до 2025 играше за Алмерија и на 56 меча даде 33 гола.
Договорот е на пет години. Минатата сезона 27-годишниот колумбиски фудбалер одигра 41 натпревар во втората шпанска лига, постигнувајќи 27 гола и запишувајќи 8 асистенции.