21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Спортинг Лисабон го назначи наследникот на Рубен Аморим

Спортинг Лисабон го назначи Португалецот Жоао Переира за нов главен тренер на тимот.

Четириесетгодишниот Переира претходно го водеше вториот тим на клубот и е дел од системот на Спортинг од 2021 година. Тој и како играч настапуваше за лисабонските Лавови во текот на својата фудбалска кариера.

Переира го наследи Рубен Аморим, кој од денеска и официјално е нов менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, иако сѐ уште ја чека работната дозвола од Обединетото Кралство.


Рубен Аморим го остави Спортинг Лисабон со перфектен ефект, по 11 одиграни кола е на врвот во португалската лига со 33 бода.

- Оглас -

Најнови вести