Спортинг Лисабон и Мидлзборо се „сигурици“ на денот

1020 Мидлзборо – Плимут (16 часот)
Домаќинот ќе се обиде со триумф да ја задржи шансата за пласман во разигрувањето за влез во Премиер лигата. Плимут е на работ на испаѓање и ако го загуби овој натпревар и дефинитивно ќе оди ранг подолу. Типуваме на Мидлзборо и на најмалку три гола на овој меч.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.90)

1016 Бристол сити – Сандерленд (16 часот)
Ова е дерби дуел, но Бристол сити има многу поголеми мотиви за триумф, со оглед дека Сандерленд со 76 бода е веќе сигурен во плејофот за пласман во Премиер лигата. Бристол сити тоа треба да го оствари со евентуален денешен триумф.
Предлог тип: 1 (2.30)

1538 Порто – Фамаликао (19 часот)
Порто ја загуби трката за шампионската титула, но сака да стигне до пласман во Лига Европа за следната сезона. Нашиот предлог е победа на домаќинот и од два до пет гола на овој меч.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.93)

1701 Рен – Нант (20.45 часот)
Двата тима имаат по две победи и три порази на последните пет меча во Лига 1. Домаќинот ќе ја има поддршката од навивачите и наш предлог е дека нема да загуби, а на натпреварот ќе бидат постигнати од два до четири гола.
Предлог тип: 1X & 2-4 (1.83)

1539 Спортинг Лисабон – Мореиренсе (21.30 часот)
Спортинг Лисабон е во трка за шампионската титула и сигурно дека нема да калкулира туку ќе тргне фуриозно уште од стартот. Предлогот е Спортинг да победи, но и да има најмалку три гола на мечот во Лисабон.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.71)

- Оглас -

Најнови вести