Македонскиот фудбалски репрезентативен десен бек Стефан Ристовски доби понуда од неговиот клуб Спортинг Лисабон да го продолжи договорот за уште две години. Ако потпише, Стефан ќе се врзе за Спортинг до летото 2024 година.
Португалски медиуми тврдат дека преговорите за нов договор ќе почнат брзо по Нова година, а од клубот планираат до април работата да биде завршена. Актуелниот договор му истекува во 2022. Според него, Ристовски заработува нето 400.000 евра по сезона, а со новиот договор треба да добие и покачување за речиси чисти (без данок) 25.000 евра годишно. Но, сумата на платата е нешто за што ќе треба да се преговара.
Ристовски од 2017 година е во Спортинг, кога направи трансфер од Риека.