Спортинг Лисабон не победи, но со песна си замина од „Луж“

Фудбалерите на Спортинг Лисабон си заминува од „Луж“ со песна, откако во дербито на сезоната одиграа 1-1 против директниот конкурент за титулата, Бенфика.

Со овој бод, Спортинг останува лидер на табелата со идентичен број бодови како и Бенфика, но со подобар меѓусебен скор, што значи дека сами си ја држат судбината во свои раце во пресрет на последното коло.

Мечот започна бурно, само по четири минути игра, најдобриот стрелец во лигата, Виктор Ѓокереш, се најде во улога на асистент, а Тринкао со прецизен удар го совлада Трубин за водство на Спортинг.

Бенфика агресивно влезе во второто полувреме и израмни во 63-тата минута по одличниот продор по левата страна на Павлидис, кој го пронајде Актуркоглу за израмнување.

Во 76-тата минута Павлидис беше на чекор до херојство и целосен пресврт, но неговиот удар заврши во стативата.

Во последното коло, Бенфика ќе мора да навива Гимараеш да го изненади Спортинг во Лисабон, а ќе се обиде да ја победи Брага на гости за евентуално да стигне до титулата.

- Оглас -

Најнови вести