Спортинг Лисабон направи голем чекор кон освојување на титулата во португалскиот шампионат откако вечерва на отворањето на 29-тото коло со убедливи 4:0 славеше на гостувањето кај Жил Висенте.
Тимот кој го предводи Рубен Аморим од клупата, е лидер на табелата со 74 бода, седум повеќе од Бенфика, а згора на тоа има и натпревар помалку од градскиот ривал.
Жил Висенте остана на 14-тото место со 28 бода, само два повеќе од позицијата која води во баражот за опстанок во првата португалска лига.
Спортинг новата победа со која дојде на чекор до титулата, дојде во првото полувреме во кое ги постигна сите четири гола.
Тринкао уште во седмата минута го отвори резултатот, а само четири минути подоцна Диоманде зголеми на 0:2.
Тринкао во 31-та минута погоди за 0:3, а конечниот резултат го постави Вентура со автоголот во 38-та минута.