Спортинг не му се плаши на Арсенал, без предност по првиот дел

Фудбалерите на Спортинг Лисабон и Арсенал по првите 45 минути одиграа 1:1 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Европа.

Топчиите поведоа во 22-та минута со голот на Вилијам Салиба кој беше највисок во казнениот простор на Спортинг по корнерот на Виеира.

Португалскиот тим на идентичен начин успеа да израмни во 34 минута. Гонзало Инасио го постигна голот по корнерот што го изнеде Маркус Едвардс.

Нерешено по првиот дел е и на дуелот меѓу Унион Берлин и Ројал Унион Сент Жил. Белгискиот тим поведе во 28-та минута со голот на Бонифејс,но Унион Берлин благодарение на Јурановиќ успеа да се избори на одмор да оди без негатива.

Водство по првото полувреме имаат Рома и Баер Леверкузен кои играат пред своите гледачи. Римската волчица благодарение на голот на Ел Шарави води со 1:0 против Реал Сосиедад, додека Демирбај им донесе водство на Фармацевтите против Ференцварош.

- Оглас -

Најнови вести