Спортинг Лисабон и Аталанта одиграа 1:1 во првиот меч од осминафиналето во Лигата на Европа. Домаќините поведоа со голот на Паулињо во 17-тата минута, а гостите израмнија пред крајот на првиот дел.
Италијанскиот тим на крајот може да жали што не направи целосен пресврт затоа што гостите од Бергамо имаа три големи шанси, но ја погодуваа рамката од голот.