Спортинг Лисабон стигна до јубилејната 20 титула фудбалски шампион на Португалија откако на две кола до крајот стигнаа до недостижни осум бода пред големиот градски ривал Бенфика. Синоќа, Бенфика загуби на гостувањето кај Фамаликао и остана на 76 бодови, додека Спортинг има недостижни 84 бодови.
Веднаш по поразот на Бенфика кога стана јасно дека Спортинг и официјално ќе ја освои титулата, низ Лисабон започна големо славје на навивачите на новиот шампион.
Toma lá de vista de cima. Te amo meu Sporting Clube de Portugal pic.twitter.com/1BtwAnibDp
— JBO (@jlpbfo) May 6, 2024
За Спортинг ова е прва титула по пауза од три години, а останува третиот најтрофеен клуб во земјата, зад неприкосновената Бенфика со 38 титули и Порто со 30 шампионски пехари.