19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Спортинг ќе слави шампионска титула, Наполи и Барселона ќе газат

1001 Манчестер јунајтед – Лестер (19 ч.)

Манчестер јунајтед веќе си обезеди место во Лигата на шампионите за следната сезона, а Лестер ќе води голема битка до крајот за да остане во Топ 4. Црвените пред 48 часа победија на гости против Астон вила, а интересно е што и 48 часа по денешниот меч, повторно ќе игра, што значи дека за неполни 100 часа, гигантот од „Олд Трафорд“ ќе одигра три средби во Премиер лигата.

Лестер е одличен на гости и во 17 меча има 10 победи, пет нерешени и само два порази. Сезонава овие екипи одиграа два меча, на кои Лестер еднаш победи со 3:1, а еднаш заврши 2:2, што е најава за погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.97)

 

3001 Наполи – Удинезе (20:45 ч.)

Домаќините не смее да кикснат ако сакаат да останат на позиција која води во Лигата на шампионите. Наполи има еден бод пред петиот Јувентус и затоа сè освен победа над Удинезе ќе биде изненадување. Гостите се релаксирани затоа што сигурно нема да испаднат, а не ни може многу да напредуваат на табелата.

Наполи има осум победи во последните 11 средби во Серија А, а кога се работи и за меѓусебни дуели со Удинезе, тимот од југот на земјата е голем фаворит. Наполи победи на девет од последните 10 меча, а еднаш одиграле нерешено.

Предлог тип: 1-1 (2.06)

 

1303 Леванте – Барселона (22 ч.)

Леванте е тимот со најлоша форма во Шпанија само со еден освоен бод во последните пет меча. И со оваа очајна низа, тимот на нашиот Енис Барди е сигурен дека нема да испадне, па дуелот со Барселона го дочекуваат без многу притсок.

Барселона уште верува дека може да стигне до титулата, а да останат надежите до крајот, Каталонците ќе мора да победуваат. Традицијата вели дека во последните 15 средби на овие два тима немало нерешено (12 победи на Барса и три радости за Леванте).

Предлог тип: 2&2-5 (1.78)

 

1542 Спортинг – Боавишта (21:30 ч.)

Спортинг е без пораз сезонава, но гигантот од Лисабон уште не е сигурен шампион. Славењето за титулата може да се случи вечерва доколку Спортинг ја победи Боавишта. На теренот во Лисабон, Спортинг сезонава има 11 победи и само четири нерешени.

На девет од последните 10 меча со овој ривал, Спортинг излегувал како победник, па тоа е дополнителен мотив за нов триумф, кој вечерва би имал и шампионски шарм.

Предлог тип: 1&1+ пол. (1.95) – квота на денот во Sport Life

 

1002 Саутхемптон – Кристал палас (21:15 ч.)

По синоќешниот пораз на Фулам, стана јасно кои се трите екипи што ќе испаднат, а тоа најмногу му олесна на Саутхемптон, кој е на 17-тата позиција. На шест од последните седум меча на овие два тима немало повеќе од два погодоци. Двете екипи имаат слаби напади, па реално не треба да има многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.40)

 

- Оглас -

Најнови вести