Спортинг, Трабзон и Панатинаикос треба да потврдат дека се во форма

2859 Хатајспор – Трабзонспор (19.00 часот)

Трабзонспор на Енис Барди е во налет, има две победи по ред, и тоа убедливи, па ќе сакаат да ја продолжат низата, но Хатајспор е незгоден тим, специјалист за нерешени резултати, тим кој уште не знае за пораз сезонава. Хатајспор има серија од четири ремија по ред. Трабзон има повеќе постигнати, но и повеќе примени голови од Хатајспор. Во минатата сезона, Трабзонспор загуби во Мерсин од Хатајтспор, овојпат не веруваме во таков исход.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.18)

 

1981 Панатинаикос – АЕК (20.00 часот)

Иако АЕК е актуелен првак на Грција, Панатинаикос е тим кој е во подобра форма во моментов. Во грчката лига, ПАО има три победи во три меча и уште немаат примено гол. АЕК во трите кола освои за нив скромни пет бода. Пред неколку дена во европските купови, двата тима победија против екипи од топ 5 лигите, Панатинаикос беше подобар од Вилјареал, а АЕК од Брајтон. Во минатата сезона последните две меѓусебни средби им завршуваа со 0-0. АЕК две и пол години нема гостинска победа над Зелените детелинки.

Предлог тип: & 1-3 (2.00)

 

1135 Ковентри – Хадерсфилд (21.00 часот)

Ковентри е 19-ти, а Хадерсфилд 17-ти на табелата во Чемпионшип, но Ковентри одамна нема победа (во последните пет кола има четири ремија и пораз), додека Хадерсфилд е во налет и во последните три кола освои седум бода. Ковентри во последните три кола и даваше и примаше гол, а кај Хадерсфилд во овие три кола двапати играше „гол-гол“. Во минатата сезона, Ковентри двапати го победуваше Хадерсфилд, и тоа убедливо и без примен гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

1320 Тенерифе – Еспањол (21.00 часот)

Ова е дуел на два тима коишто имаат амбиција во следната сезона да играат во шпанската елитна Примера. Тенерифе во шест кола има четири победи и два порази, додека Еспањол е на четири победи и две ремија, нема пораз. Еспањол е најефикасен тим во лигата со 14 погодоци на шест меча, а тимот од Канарските Острови прими само три гола во шест настапи. Последните два меѓусебни дуела на овие тимови завршуваа нерешено со 0-2 гола.

Предлог тип: ГГ (2.01)

 

1544 Спортинг Лисабон – Рио Аве (21.15 часот)

Спортинг добро ја почна сезоната, има 13 бода во првите пет кола и просек од два постигнати гола по меч, додека Рио Аве има серија од четири меча по ред без победа, а на нивните мечеви генерално не паѓаат многу голови. Рио Аве на четири меча по ред против Спортинг нема дадено гол, можеби и вечерва ќе се повтори тоа. Лавовите од Лисабон се незгодни домаќини, тешко дека ќе дозволат изненадување.

Предлог тип: Т1 2-3 гола (1.97)

- Оглас -

Најнови вести