Спортистите разочарани: Како изгледа златниот медал освоен во Париз и како изгледа златото од Токио од 2021 година (Фото)

Олимписките игри во Париз беа затворени во неделата пред полноќ, а следната дестинација на најважниот спортски настан ќе биде Лос Анџелес во 2028 година. Иако поминаа само неколку дена откако освоија медали, дел од спортистите се жалат на квалитетот на медалите кои ги добија.

Прв јавно истапи американскиот скејтбордист Нија Хастон, кој освои бронзен медал во Париз. Тој јавно на социјалните мрежи се пожали дека сјајот на медалот го снемало само по неколку дена.

„Овој олимписки медал изгледаше сјајно само кога беше целосно нов, но по малку време стоење на мојата испотена кожа и покажување на пријателите, квалитетот веќе не е ист каков што беше. Очигледно не е направен од висок квалитет како што се чини“, незадоволно коментираше Хастон покажувајќи фотографија на која се гледа дека од двете страни на медалот има оштетени делови.

Сега со иста реакција се појави и данскиот бадминтон играч Виктор Ахелсен. Тој освои златен медал и на претходните Игри во Токио во 2021 година, а и сега во Париз го доби најсјајното одличје.

Сепак, иако златото од Токио е веќе три години старо, а тоа од Париз само неколку дена, разликата во квалитет и сјај е повеќе од очигледна. Само на Игрите во 1904, 1908 и 1912 година златните медали биле од чисто злато. Останатите медали се само со шест грама чисто злато, а останатите 523 грама кои се користат за изработка на златниот медал се со чистота од 92,5 отсто.

https://twitter.com/i/status/1822588512337617082

 

- Оглас -

Најнови вести