„Спортманија“ на мечот од ЛШ: Снег во Белград, но се очекува спектакл од Црвена ѕвезда и ПСВ (Фото)

Специјално од Белград, Павле Симовски

Белград е најблиската дестинација каде може да се следат во живо возбудувањата од Лигата на шампионите. „Спортманија“ ќе го следи дуелот меѓу Црвена ѕвезда и ПСВ Ајндховен, во кој српскиот првак се надева дека ќе оствари триумф и ќе ги задржи шансите за пласман во нокаут фазата.

Студено е во Белград, вее и снег, но магијата на Лигата на шампионите сепак е посилна, па се очекува пристојно да бидат исполнети трибините на стадионот „Рајко Митиќ“.

Црвено-белите имаат три бода и се наоѓаат на 31-то место на табелата во ЛШ, додека ПСВ Ајндховен досега заслужи осум бода и е во подобра ситуација. Но, Холанѓаните ќе мора вечерва да го „преживеат“ Белград.

- Оглас -

Најнови вести