Спортманија во Минхен: Градот е преполн со Шкоти, ечат гајдите (Ексклузивно видео+Фото)

Во Минхен, каде што вечерва на „Алијанц арената“ од 21 часот се отвора фудбалското ЕВРО 2024 со дуел на Германија и Шкотска, има огромен број шкотски фанови. Спортманија од лице место ви пренесува дел од атмосферата во најголемиот град во Баварија.

Буквално каде и да се свртите, шкотските фанови се околу вас. Неофицијално, има околу 200 илјади Шкоти во Минхен, а само мал дел од нив ќе може вечерва да се најдат на трибините за да го бодрат својот национален тим.

Познатите шкотски гајди ечат во близина на „Маријанплац“, локалите се преполни со навивачи облечени во килтови и дресови на шкотската репрезентација.

Шкотска е гостин на Германија, но според она што го гледаме низ градот, и селекцијата од британскиот остров ќе може да се надева на огромна поддршка.

- Оглас -

Најнови вести