Спортот пишува неверојатни приказни – Бара да му ја ампутираат ногата за да биде олимпиец

Џорџ Бејтс е невиден јунак, а неговото барање да му се ампутира ногата за да може да учествува како кошаркар на Велика Британија на параолимписките игри во Токио е неверојатно храбро и уникатно.

Промената на правилата за учество на ЛОИ следната година му направија многу проблеми на Бејтс, но тој е храбар, одлучен и по секоја цена сака да биде олимпиец.

Џорџ има вроден синдром на блокада на мускулите на нозете и не може да се движи сам, без нечија поддршка, но според новите правила, тоа не е доволно за да може да учествува на Игрите во Токио.

„Целиот мој живот го посветив на спортот. Тренирав напорно долги години и одлуката да не можам да играм на параолимписките игри во Токио е многу тешка за мене. Ми го скрши срцето. Имав можност да ми ја ампутираат ногата на 15-годишна возраст, но тогаш одбив. Сега жалам што не одлучив поинаку. Не верував дека некогаш некој ќе почне да мери колкава е тежината на повредата, на животниот проблем за да се настапи на Олимписки игри. Ова е неправедна одлука“, вели Бејтс.

Најави дека нема да се откаже и дека дури и ќе оди на операција за да му ја ампутираат ногата за да настапи во дресот на Гордиот Албион на Летните олимписки игри во Токио следната година.

- Оглас -

Најнови вести