На Спортска прогноза не губите ништо, а во новото коло може да добиете многу

Новото 26-то коло на Спортска прогноза, кое почна вчера и на кое може да типувате до сабота во 16 часот, ќе биде едно од поинтересните според двојките кои се на понудата, а овојпат ги изоставивме италијанските мечеви бидејќи може да се случи одложување како минатиот викенд.

Во Бундеслигата се игра дербито помеѓу двете Борусии, а може да го погодите исходот и на манчестерското градско дерби помеѓу Јунајтед и Сити. Од оние што досега прогнозирале, на германското дерби голема предност им се дава на гостите од Дортмунд, додека половина прогнозери сметаат дека Сити ќе ги освои трите бода, а другата половина е поделена за икс и кец.

Секое коло посебно типувате за прекрасен „ајфон“, кој ќе го добие мајсторот за Спортска прогноза што ќе ги погоди сите 13 двојки.

Sport Life има интересен концепт за играта што е бесплатна, па ве наградува и за една до две утки. Учесниците во Спортска прогноза што ќе погодат 12 пара, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за две утки има награден ваучер од 500 денари.

Во Генералниот пласман се бројат и поените од двата резервни пара што за вас ги подготвуваме за секое коло. Подолго време лидер на Генералниот пласман е Христијан Т. со 179 поени и двоцифрена разлика пред најблиските конкуренти, но и тој не смее премногу да се опушта и да прескока кола бидејќи секој викенд може да се случат многу пресврти на табелата.

- Оглас -

Најнови вести