Нема веќе чекање, почетокот на некои од најсилните фудбалски лиги во Европа го означи и стартот на третата сезона на вашата омилена Спортска прогноза која ја организираат Sport Life и Спорт Манија. Прогнозирањето за првото коло е во тек и можете да се приклучите со свои прогнози до сабота, до 16 часот во трката за убави награди.
Новитет е главната премија за секое коло во кое Sport Life и Спорт Манија доделуваат „ајфон 11“ за прогнозерите што ќе имаат максимален број погодоци на популарната тринаесетка.
Учеството во играта е бесплатно за сите членови на ексклузивниот Sport Life Клуб, како и за сите новорегистрирани корисници кои имаат активна сметка за online обложување на Sport Life.
Стандардно во секое коло ќе има и ваучери од 1.000 денари за еден промашен натпревар и од 500 денари за две утки. Продолжуваме и со наградување на најдобрите во Генерален пласман, па затоа е важно редовно да се прогнозира секое коло и да се погодуваат што повеќе натпревари, вклучувајќи ги и двата резервни пара во секоја рунда.
Шампионот и оваа сезона ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има уште многу награди за учесниците во играта што привлече многу внимание, а е исклучително едноставна за играње и нема да ве чини ништо.
Според досегашните прогнози, најчиста е ситуацијата на дуелите Валенсија – Леванте и ПСЖ – Марсеј. Иако станува збор за локално дерби во Валенсија и големо француско дерби во Париз, најголем дел од прогнозерите сметаат дека тука има јасни фаворити. Иако Лилјаците се ослабени и се соочуваат со финансиски проблеми, дури 72 проценти сметаат дека ќе победат домашните.
ПСЖ е уште поголем фаворит, иако Светците загубија од Ленс на стартот. Проблемот на ПСЖ е отсуството на заразените со корона-вирус, но дури 84 отсто од тие стотици прогнозери што досега типувале сметаат дека Марсеј ќе биде поразен.
За полесно да се вклучите во игра во новата сезона на Спортска прогноза, посетете ја страницата на Sport Life на која ги имате потребните информации.