Спортска Македонија се парализира – нема да има ни ракомет во следните 14 дена!

Спортска Македонија дефинитивно ќе биде парализирана во следните најмалку две недели. По откажувањето на фудбалските и кошаркарските првенства, со известување и од Ракометната федерација дека се прекинуваат сите натпреварувања во следните 14 дена.

Почитувани,

Ве известуваме дека Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за прекин во период од 14 дена на Националното ракометно првенство во Супер и во Првата машка ракометна лига, како и натпреварите од Женската ракометна лига.

Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од Коронавирусот, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани.  

Дополнително, согласно препораките и забраните од Владата на Република Северна Македонија за превенција од Коронавирусот, Ракометната Федерација на Македонија претходно донесе одлука со која сите натпревари во младите категории се одложуваат во период од 14 дена.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

- Оглас -

Најнови вести